Американците чекаат и по три часа на каса, а Европејците не дигаат прашина за празничен шопинг

86

Од една страна, празниците нè радуваат, но од друга страна ги користиме платежните картички, додека редиците во продавниците ги тестираат нашите живци.

Кога станува збор за трошење, Американците се непобедливи, особено пред празниците. И овој пат тие се лидери со потрошени илјади милијарди долари само на подароци.

Еуфоријата не ги заобиколува ни другите делови на светот, иако во Европа, луѓето сè помалку “дигаат прашина“ за овие датуми, а дури две петини од населението не ужива во купување подароци.

Според анкетата на Gallup, американските потрошувачи потрошиле 150 милијарди долари само во онлајн продавниците. Во просек едно домаќинство потрошило 1.500 долари.

Интересно е што само 7% од Американците не сакаат да трошат за Божиќ.

Само 16% од Британците успеале да се сетат на потрошената сума, за која биле прашани две минути по купувањето. Се проценува дека потрошиле 743 долари (по човек) за подароци оваа година, а тоа е 40% повеќе од другите европски граѓани.

Половина од купувањата се извршени на онлајн. По хронолошки редослед, на жените најчесто им се давале чоколади, козметика, книги, храна и пијалаци и плик со пари, додека за мажите, редоследот е: чоколади, книги, храна и пијалаци, козметика и пари.

Божиќ е секако време на дарување, но многу луѓе не се задоволни со подарокот што го добиваат. Истражувањето спроведено од ING покажало дека на Европејците, во 15% од случаите, не им се допаѓа подарокот што го добиле минатата година, а 10% не можеле да се сетат што им било подарено.

Просечен Американец поминува 15 часа на Божиќен шопинг. Додека за некои луѓе трговски центри се големо оптоварување, за некои тие се како втор дом, па наместо да се соберат со семејството, тие ја “фаќаат“ акцијата.

Очекувано, мажите поминуваат помалку време на шопинг и почесто отколку жените оставаат работи за последен час. Неверојатно, но во редот може да се чека до три и пол часа. Според истражувањето на ING, 22% од Американците, 14% од Австралијците и 10% од Европејците минатата година влегле во долгови поради празничниот шопинг.

Две петтини од Европејците купуваат против нивната волја затоа што чувствуваат притисок на општеството и околината, а еден од 10 кредити се подигнати за да се платат трошоците за претходната прослава, пишува Telegraph.

И покрај овие податоци, скоро половина од луѓето велат дека воопшто не се грижат за парите потрошени за овој период од годината.

Фото: Pexels