Американците на Црн петок онлајн потрошиле девет милијарди долари

23

Купувањето преку интернет на Црн петок годинава достигна највисоко ниво од девет милијарди долари, имајќи предвид дека американските потрошувачи за време на пандемијата Ковид-19 се свртеа кон онлајн купување.

За разлика од претходните години, кога Американците ги полнеа продавниците неколку часа по Денот на благодарноста, оваа година тие одлучија да купуваат преку компјутер и телефон, со цел да ги искористат продажбите и попустите.

За време на Црниот петок, американските потрошувачи досега трошеле 6,3 милиони долари во минута кога купувале преку интернет или во просек по 27,5 долари од лице, покажуваат податоците на Adobe Analytics.

Трошоците за паметни телефони годинава се зголемиле за 25,3% од минатата година на 3,6 милијарди долари, бидејќи паметните телефони сочинуваат 40% од вкупната е-трговија.

Потрошувачката на купувачите на црн петок годинава се зголемила за 21,6% во споредба со минатата година.

За време на Денот на благодарноста, во четвртокот, онлајн потрошувачката се зголемила за 21,4% на рекордни 5,1 милијарда американски долари.

Фото: Freepik