Американците негодуваат: Starbucks нема залихи за нивните омилени кафиња

27

Starbucks се соочува со недостиг на суровини за да може да ги подготвува сите пијалаци за своите потрошувачи во САД.

Синџирот на кафетерии рекол дека има “привремен недостиг на залихи“ за производи како што е овесно млеко, пренесува ВВС.

Освен ова млеко, Starbucks најверојатно се соочува и со недостиг од други производи што редовно ги користи за подготовка на кафе.

“Зависниците“ од кофеин на социјалните мрежи се пожалиле дека не можат да си го порачаат своето омилено кафе, а дека во исто време добиле извинување од компанијата бидејќи во моментот имаат недостиг од суровини.

Фото: Pexels