Американските акции пораснаа благодарение на технолошките компании

Акциите на американските берзи  пораснаа првенствено благодарение на технолошките компании, односно поради продолжувањето на оптимизмот на инвеститорите во врска со развојот на вештачката интелигенција (ВИ), објави CNBC.

Акциониот индекс Dow Jones порасна за 144 поени, или 0,3 проценти, како и S&P 500, а Nasdaq за 0,2 проценти.

Најголем придонес во растот на S&P 500 имаше производителот на чипови Nvidia, чии акции пораснаа за повеќе од три проценти.