АМСМ: Слаби снежни врнежи на планинските превои Ѓавато и Пресека

15

Според информации од ЈП Македонија пат, слаби снежни врнежи во моментов има на планинските превои Ѓавато и Пресека, но и на овие патни правци сообраќајот се одвива тековно без никакви забрани и застои. Поради ниските температури можни се подмрзнувања на коловозот на осојните места.

Сообраќајот на сите останати државни патишта низ Македонија се одвива непречено, по влажни коловози.
Поради ваквите временски услови, потребно е посебно внимание на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони.
Од 15.11 2013 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата. Оваа обврска ќе трае до 15.03. следната година.
На патните правци Кочани – брана Калиманци (А3), Раброво – Костурино (Р1401) и М. Каменица – Делчево (А3) се врши надоградба на асфалтната подлога и санација на риголите, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Сообраќајот се одвива непречено, а се очекува градежните работи да потраат до средината на декември.
Tеренските активности (геодетски и геомеханички истраги) кои се во тек долж патниот правец А-1, делница Миладиновци-Куманово (во двата правци) односно од наплатна станица Миладиновци до крај на стариот автопат-клучка Кр. Паланка, во периодот од 25.11 до 30.11 ќе се изведуваат на потегот од Агино село кон Миладиновци. Работите ке се изведуваат во период од 07:00 до 18:00 часот, додека сообраќајната сигнализација за времен режим на сообраќајот ќе биде поставена 24 часа на горенаведениот дел од трасата.
На пат. правец Маврови Анови – Дебар (Р1202) се изведуваат градежни работи на санација на Мелнички мост во близина на Дебар. Поставена е соодветна патна сигнализација, сообраќајот се одвива непречено, но се препорачува внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
На патниот правец Велес – Кадрифаково се изведуваат градежни работи, кои во првата фаза се: од клучка Велес крај на трета лента (депонија Велес) до Лозово, Сарамзалино.
Возачите ги предупредуваме да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената вертикална сигнализација.
Патниот правец Р2 332, Охрид- Ресен преку Галичица (врска со Р1307 (Царина)-врска со А3 и Р1301 (Трпејца), од месноста Корита до зимскиот центар Отешево се затвора за сообраќај на сите возила од 15.11.2013 до 31.03.2014год.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.