Амстердам тестира футуристички чамци – роботи

29

Употребата на прототип на футуристички робот – чамец е во план на околу 100 километри канали во Амстердам. Целосно автономниот пловен објект би извршувал најразлични задачи, вклучувајќи и превоз на патници и отпад.

На проектот Roboat работат експерти од Институтот во Амстердам и научници од Институтот за технологија во Масачусетс.

Чамците би пловеле полека, со брзина од шест километри на час, со помош на пропелер и четири потисници што добиваат струја од батерија, што има енергија за 12 до 24 часа работа. Со нив од далечина ќе управува компјутер врз основа на податоци од камери и сензори што го скенираат подрачјето околу чамецот.

Овие пловни објекти ќе можат лесно да се прилагодат и да превезуваат и товар и луѓе.

Тимот којшто работи на проектот вели дека се потребни уште две до четири години за да се усоврши технологијата на автономно управување со тие пловни објекти.

Фото: Pixabay