Апел од Аеродромот во Скопје до патниците: Проверувајте ги летовите пред да тргнете!

На Меѓународниот Аеродром Скопје, поради намалена видливост предизвикана од магла, од 00:00 часот на полноќ до 20 часот вечерва откажани се вкупно 20 летови (полетувања и слетувања), два се преносочени, а слетале 13 авиони и исто толку полетале, информира ТАВ Македонија.

Според официјалните податоци, во периодот од полноќ до 20 часот, откажани се вкупно 20 летови, додека два авиона биле пренасочени кон алтернативни дестинации, информира ТАВ Македонија.

 На скопската писта успешно слетале 13 авиони (меѓу кои летовите од Виена, Франкфурт, Цирих и Париз), а исто толку авиони полетале од аеродромот.

Од менаџментот на аеродромот нагласуваат дека објектот е отворен и целиот персонал е во целосна подготвеност.