Апликација што кажува какво цвеќе одговара на домот или градината

34

wide_childsplayФото: Plant Life Balance 

Plant Life Balance е апликација што со помош на проширена реалност (Augmented reality – AR) овозможува корисникот да го одбере вистинското саксиско цвеќе за домот, градината или канцеларијата, пишува Mashable.

Со неа може да се оцени моменталниот баланс на растенијата (бројот на соби и бројот на цвеќиња), а потоа преку AR да се добијат 90 препораки и анализа за нивните придобивки.

Апликацијата користи информации од одбрани истражувања од Универзитетот РМИТ и од Универзитетот во Мелбурн, така што корисникот може квантитативно да процени колку е здрав одредениот простор. Истражувањето вклучува способност на растенијата да апсорбираат загадувачи од воздухот и директните придобивки поврзани со менталното здравје, како подобрено расположение и концентрација.

Прво корисникот избира една од седумте предлози за да може да види како одбраните цвеќиња ќе одговараат на просторот и дали се подобри за надвор или внатре. Потоа, со помош на мрежниот систем ја прилагодува камерата од телефонот и го поставува саксиското цвеќе.

Штом биде потврден дизајнот, корисникот добива проценка на просторот (квалитет на воздухот и понатамошни придобивки) и ќе има увид во тоа како треба да го уреди.