Apple го одложува претставувањето на нови модели

45

Технолошкиот гигант Apple потврди дека новиот модел на iPhone 12 ќе биде одложено поради пандемијата предизвикана од коронавирусот. Apple минатата година ги претстави новите модели на крајот на септември лани, но очекувањата за оваа година се дека тоа ќе биде направено подоцна, најверојатно во октомври, пишува Mac rumors.

Сите четири модели на нови iPhone телефони би требало да имаат OLED екрани и поддршка за 5G, а какви други новитети ќе донесат овие уреди ќе се знае по нивното претставување.

Претходно се зборуваше дека новите iPhone 12 модели ќе се продаваат без полнач и слушалки.

Фото: Freepik