Apple и Volkswagen ќе развиваат автономни автомобили

30

Фото: Pixabay

Apple ќе соработува со германскиот производител на автомобили Volkswagen за да развие автономни возила врз основа на моделот на T6 Transporter, пишува Drives Park.

Американскиот технолошки гигант ќе го вгради сопствениот софтвер во комбињата и истите ќе ги користи за превоз на своите вработени во кампусот во Купертино, Калифорнија. Идејата за автономно возило кај Apple не е нова. Уште во 2015 година компанијата откри дека работи на таков прект и во првата фаза бараше партнер кој ќе ја направи само шасијата и тркалата на возилото. Но подоцна Apple се ориентираше на усовршување на сензорите во сопствениот софтвер, така што од партнерот се бараше целосно склопен автомобил.

Во 2016 година Apple доби дозвола за тестирање на автономни возила во Калифорнија, и за таа намена набави 55 теренски возила од моделот SUV, но Lexus не беше официјален партнер во проектот, па технолошкиот гигант преговараше со BMW, Mercedes, Nissan и McLaren, но безуспешно.

Како што стојат работите Apple и Volkswagen очигледно ги договориле деталите на партнерството, а според извештаите лабораторијата во близина на Торино која му припаѓа на германскиот производител на автомобили ќе се користи за пренамена на Т6 комбињата во електрични автономни возила.