Apple ќе инвестира над една милијарда евра во Европскиот центар за силиконски дизајн во Минхен

51

Американскиот технолошки гигант Apple во германскиот град Минхен ќе изгради Европски центар за силиконски дизајн, при што во следните три години ќе инвестира над една милијарда евра. Средствата ќе бидат наменети за зголемување на тимот, како и за истражување и развој.

Минхен и досега е најголем инженерски центар на Apple во Европа, со речиси 1.500 инженери од 40 земји кои работат во различни области, вклучително и управување со енергија, развој на процесори и безжична технологија.

“Новиот центар ќе биде дом на растечката филијала на Apple, најголем центар за истражување и развој во областа на мобилни безжични полуспроводници и софтвер, се наведува во соопштението на компанијата.

Исто така, предвидено е новиот центар да биде фокусиран и на 5G и на други безжични технологии.

Apple во Минхен има филијала од 1981 година, а новиот Центар треба да почне со работа во 2022 година.

Фото: Pixabay