Аpple на секои три – четири недели купува по една компанија

53

Аpple во последните шест години купи околу 100 компании, откри првиот човек на технолошкиот гигант, Тим Кук.

Пресметката покажува дека излегува дека Apple купува по една компанија на секои три или четири недели, рече тој на состанокот на акционери.

Apple неодамна забележа најголем профит во првиот квартал од постоењето на компанијата, бидејќи заработи 111,4 милијарди долари во првиот фискален квартал од 2021 година.

Кук рече дека целта на овие бројни аквизиции е стекнување нови технологии и таленти.

Фото: Pixabay