Apple Piazza Liberty – новиот продажно-креативен салон на Apple во Милано

20

Фото: Apple

Новата продажна локација на Apple, се вика Apple Piazza Liberty и се наоѓа во Милано, Италија. Како што велат од компанијата истата има за цел да го ревитализра центарот на италијанската метропола. Проектот вклучува голем јавен плоштад и една продавница којашто за прв пат го носи најновиот малопродажен дизајн на Apple во Италија.

На самиот излез од една од најпопуларните пешачки улици во Милано, Corso Vittorio Emanuele, посетителите најпрвин ќе видат драматична стаклена фонтана којашто служи и како влез во продавница, а веднаш во позадина се наоѓа и еден голем отворен амфитеатар.

Целиот плоштад е поплочен со каменот Beola Grigio, каков што е искористен и во целиот град, а ќе биде отворен за јавноста од 24 часа на ден и воедно ќе биде домаќин на специјални настани во текот на целата година.

Apple Piazza Liberty ќе нуди бесплатни часови за фотографирање, креирање филмови, создавање музика, кодирање, дизајн итн, а целта е да разбуди креативноста кај сите присутни посетители. Овој септември локацијата ќе биде домаќин на специјална едномесечна серија за градот Милано, каде што 21 локален уметник ќе ја споделат својата визија за креативната иднина на Милано.

Целиот проект вработува тим од 230 високо обучени кадри, од кои многумина доаѓаат во Милано од продавниците на Apple ширум светот.