Apple сега вреди 1,5 илјади милијарди долари

46

Технолошкиот гигант Apple е прва американска компанија чија пазарна капитализација достигна вредност од 1,5 илјади милијарди долари.

Нафтената компанија Saudi Aramco од Саудиска Арабија е единствена во светот со вредност што надминува вредност од нешто помалку од две илјади милијарди долари.

Минатата недела акциите на Apple се тргуваа по 352 долари, па поради тоа пазарната капитализација на компанијата достигна толку голема вредност, пренесува Fast Company.

За време на пандемијата, акциите на производителот на iPhone го допреа дното со вредност од 229 долари во март.

Според некои анализи, како причина за скок на акциите се оптимистичките одлуки на инвеститорите поради можните зголемени приходи на Apple од продажба на првиот 5G мобилен телефон, што треба да се појави кон крајот на оваа година. Инвеститорите најверојатно се оптимисти и поради Apple Watch, којшто би требало на компанијата да ѝ донесе поголеми приходи кога е во прашање бизнис сегментот.

Фото: Freepik