Арцелор Митал и Мермерен комбинат ја одбележуваат Европската недела за безбедност и здравје при работа

95

makedonsko zdruzenie za zastita pri rabota

Компаниите Арцелор Митал и Мермерен комбинат АД Прилеп се вклучуваат во одбележување на Европската недела за безбедност и здравје при работа, која во Македонија се одбележува од Македонско здружение за заштита при работа.

Компанијата Мермерен Комбинат АД Прилеп е позната како компанија која се грижи за безбедноста и здравјето на своите вработени. Оваа компанија беше прогласена како компанија со најдобра пракса на безбедност и здравје при работа за 2013 година во категоријата големи компании, годишна награда која Македонското здружение за заштита при работа, во соработка со социјалните партнери, ја доделува на компаниите во Македонија кои имаат најдобра пракса на безбедност и здравје при работа.

Компанијата Арцелор Митал, исто така, е позната како компанија која се грижи за безбедноста и здравјето при работа. Оваа година тие го одбележаа Светскиот ден за безбедност и здравје при работа 28 април со голем настан во својата компанија. Тие се добитници на наградата за добра пракса на безбедност и здравје при работа во 2012 година, награда која ја доделува Македонското здружение за заштита при работа, во соработка со социјалните партнери.

Станува збор за настан на Европската агенција за безбедност и здравје при работа, а во Македонија веќе се случија четири настани во рамките на неделата.

Стресот на работното место е темата на Европската недела на безбедност и здравје при работа 2014. Претставници на Македонското здружение за заштита при работа ќе зборуваат за влијанието на стресот при работата и важноста на овој работен проблем.