Arcelor Mittal со загуба од над 158 милиони денари

17

arcelormittal

Компанијата Arcelor Mittal оствари загуба од 158.658.000 денари во првите три месеци од оваа година, стои во неревидираниот и неконсолидиран Биланс на успех на компанијата, објавен на Македонска берза.

И во истиот период лани, оваа компанија прокнижи загуба од 156.337.000 денари.

Во првите три месеци од оваа година, на контото оперативни приходи биле евидентирани 1.046.447.000 денари, додека во истиот период лани тие биле на ниво од 1.434.113.000 денари.

Arcelor Mittal реализирал 1.045.924.000 денари приходи од продажба, од кои 162.950.000 денари се на домашен пазар, додека остатокот од 882.974.000 денари се резултат на пласман на странски пазари.