Арцелормиттал донесе одлука за покривање на загубата

31

Arcelormittal-logo.svg

Акционерските друштва Арцелормиттал Скопје (ХРМ) и Арцелормиттал Скопје (ЦРМ) донесоа одлука за покривање на загубата остварена во текот на минатата година.

Непокриената загуба од 2014 година на Арцелормиттал Скопје (ХРМ) во износ од 134.033.281 денари, како што се наведува во одлуката, се пренесува во наредниот период.

Во одлуката, пак, на Арцелормиттал Скопје (ЦРМ) стои дека непокриената загуба од 2014 година во износ од 649.193.272 денари се пренесува во наредниот период.