AstraZeneca го продаде својот удел во Moderna за повеќе од милијарда долари

44

AstraZeneca го продаде својот удел од 7,7% во Moderna за повеќе од една милијарда долари, откако акциите на американската биотехнолошка компанија скокнаа, објави The Times.

Во извештајот се додава дека не е јасно во кој период британската AstraZeneca го продала својот удел во Moderna, а агенцијата Ројтерс која ја пренесува веста не  добила коментари од двете компании.

Moderna, чија вакцина е одобрена за итна употреба против Ковид-19 во САД, минатата недела објави дека очекува приходи од продажба на вакцината за коронавирус во износ од 18,4 милијарди долари.

Фото: Facebook