Американската компанија за автомобили, Ford претстави нов концепт на електрично автономно комбе што може да лансира флота на дронови, што ќе доставуваат пратки на тешко достапни места, пишува Verge.
Дроновите ќе помогнат во испораката кога комбето, што го носи името Autolivery, ќе се најде на тешко достапни места, на пример, во урбани средини каде паркирањето е непрактично и луѓето живеат во високи згради.
Минатиот месец, Ford инвестираше една милијарда долари во технолошкиот старт – ап Argo AI, којшто ќе биде фокусиран на производство и развој на технологија за автономни возила.
На почетокот, Argo AI ќе ја развива технологијата само за Ford, а подоцна и за други производители. Со овој потег производителот на автомобили влегува во трка со гигантите од Силиконската долина и ќе стане конкурентен.