Аутомакедонија лани со добивка од 36,8 милиони денари

16

automakedonija-580x446-580x446

Аутомакедонија ланската година ја заврши со добивка од 36.889.000 денари, покажува билансот на успех за период од 01.01. до 31.12.2016 година.

Претходната 2015 година, компанијата евидентираше добивка од 13.727.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, заклучно со 31-ви декември лани, изнесуваат 379.203.000 денари.

Основна дејност на компанијата е трговија на мало со делови и прибор за моторни возила.