Аутомакедонија за девет месеци евидентираше добивка од над 13 милиони денари

22

Аутомакедонија прикажа вкупна сеопфатна добивка во висина од 13.022.000 денари, покажува деветмесечниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Во периодот јануари – септември лани, компанијата прикажа добивка од 19.527.000 денари.

“Нето добивката пред оданочување е намалена за 37% во 2018 година во однос на 2017 година за наведениот период, повторно потенцирајќи во најголем дел поради намалување на приходите од дивиденди и зголемување на финансиските расходи“, стои во Краткото образложение на финансиските извештаи.

Вкупните приходи од продажба, заклучно со 30-ти септември 2018 година, имаа вредност од 282.204.000 денари, додека една година претходно изнесуваа 279.238.000 денари.