Аутомакедонија за девет месеци прокнижи 8.537.000 денари добивка

25

automakedonija-580x446

Компанијата Аутомакедонија во првите девет месеци од оваа година оствари вкупна сеопфатна добивка од 8.537.000 денари, покажува неконсолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период лани, компанијата прикажа добивка од 3.729.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во период од први јануари до 30-ти септември оваа година беа на ниво од 240.397.000 денари, додека истиот период лани достигнаа 268.520.000 денари.