Авиоиндустријата “на свои нозе“ дури во 2024 година

28

Авиоиндустријата во светот не би можела да се врати на ниво пред пандемијата сè до 2024 година, смета меѓународното здружение на авиопревозници (IATA – International air transport association), пренесува Flight Global.

Предвидувањата на IATA се дека патничките километри би се намалиле околу четири милијарди оваа година од осум милијарди пред да почне кризата.

“Сметаме дека ефектите од Ковид-19 врз авиоиндустријата ќе траат со години, без брз скок на нивото од 209 година, што секако не е добра вест за економиите“, смета Брајан Пирс, главен економист во IATA.

Обновата на авиосообраќајот ќе зависи од брзината со којашто ќе се отвораат границите и од брзината со којашто ќе закрепнуваат економиите во светот.

Додека се чека на вакцина за коронавирусот, IATA се залага за комбинација од различни мерки за заштита, како што се маски и контрола на телесна температура на патниците.

Фото: Pixabay