Авионите на EasyJet повеќе нема да емитуваат штетни гасови

52

Британската авиокомпанија EasyJet ќе стане прва авиокомпанија во светот што нема да емитува штетни гасови. Одлуката стартува веднаш и ќе важи за сите авиони, коишто ги има вкупно 331, пишува Guardian.

Од компанијата велат дека за да ја остварат оваа цел планираат да потрошат 32,4 милиони долари во текот на следната година. Ќе се инвестира во разни програми коишто ќе го отстрануваат CO2 од воздухот, како на пример, во садење на повеќе дрвја и слично.

EasyJet, којашто е петта по големина авиокомпанија во Европа, вели дека го има намалено емитувањето на јаглерод диоксид за секој километар што го прелетува еден патник за повеќе од една третина, од 2000 година па наваму.

За тоа да го оствари тоа, превозникот користи авиони коишто поефикасно го трошат горивото и ги полнат авионите до максималната дозволена количина.

Компанијата има склучено партнерство со Airbus за развивање на хибридни и електрични летала коишто ќе можат да се употребуваат за кратки летови во Европа.

Фото: Pixabay