Авокадо – тоа им е заедничко на Мексико, Холандија и Перу

57

Извозот на авокадо минатата година, според анализата на World Top Exports, достигна 5,6 милијарди долари.

Според податоците, Мексико е најголем извозник на ова овошје во светски рамки. Минатата година од оваа земја е извезено авокадо во вредност од 2,4 милијарди долари. Втор најголем извозник на авокадо е Холандија со 733 милиони долари, а за нејзе е Перу со извоз во висина од 722 милиони долари.

Меѓу 10-те најголеми извозници на авокадо се и: Шпанија (346 милиони долари), Чиле (323 милиони долари), САД (179 милиони долари), Кенија (118 милиони долари), Јужна Африка (116 милиони долари), Нов Зеланд (71 милион долари) и Колумбија (62 милиони долари).

Фото: Pexels