Автомобилски гигант затвора три фабрики – без работа 5.000 лица

55

Американскиот производител на автомобили, Ford Motor Co, соопшти дека оваа година ќе затвори три свои фабрики во Бразил.

Како причина ги наведуваат “отежнувачките даночни услови“ предизвикани од пандемијата на коронавирус. Претставници на Ford велат дека овој потег е последица на глобалниот план за преструктуирање, што треба да му донесе на гигантот профит од 11 милијарди долари.

Затворањето на фабриките во Бразил ќе влијае на околу 5.000 вработени, главно бразилски државјани.

Фото: Facebook