Автомобилскиот гигант GM го менува логото и најавува 30 е – возила

109

Американсиот производител на автомобили, General Motors го менува логото и започнува маркетинг кампања за електрични возила, за да се претстави во ново светло, како компанија којашто произведува возила коишто не ја загадуваат животната средина.

Старото лого со бели букви GM на сина позадина ќе ги заменат сини букви gm на бела позадина.

Сега малата буква m потсетува на приклучок за електрично напојување, додека сината боја треба да асоцира на чисто небо.

Новото лого и фонтот се осмислени од дизајнерите на General Motors, се вели во соопштението на компанијата. Ова е првпат производителот на автомобили значајно да го менува своето лого од 1964 година.

Компанијата, исто така најави дека до 2025 година, 30 нови модели на возила на батерии ќе ја видат светлината на денот. Новата кампања, како што соопштија, треба да ја претстави нивната прогресивна визија за иднината.

Кон крајот на минатата година, GM објави дека е блиску до откривање на нова батерија, што ќе ја направи цената на електричните возила подеднакво прифатлива како и цената на возилата со мотори со внатрешно согорување, за помалку од пет години. Некои нивни возила ќе можат да поминат повеќе од 700 километри со едно полнење на батеријата и да постигнат забрзување од нула до 100 километри на час за само три секунди.

Компанијата открива дека ќе инвестира 27 милијарди долари во возила на батерии до 2025 година. Инвеститорите на берзите сè повеќе се интересираат за компании кои произведуваат електрични возила.

Фото: Facebook