Азиските берзи на нови рекордни нивоа

23

На азиските берзи во вторникот, цените на акциите пораснаа, достигнувајќи нови највисоки нивоа, бидејќи на пазарите владее оптимизам во врска со глобалното економско закрепнување.

MSCI индексот на азиските берзи, без јапонските беше во плус 0,5%. Јапонскиот Nikkei индекс порасна 1,7%,додека цените на акциите во Јужна Кореја, Сингапур, Австралија и Хонгконг зајакнаа меѓу 0,3 и 1,8%.

Пазарите бележат раст со недели благодарение на надежите на инвеститорите дека како што ќе се забрза вакцинацијата на населението против Ковид-19, така ќе закпренат економиите од корона кризата.

Фото: Pixbay