Бали забранува влез на странски туристи до крајот на годината

32
Bali pagoda , Indonesia

На индонезискиот остров Бали нема да биде дозволен влез на туристи до крајот на годинава. Откажан е планот да се отвори островот за посета на странски туристи од наредниот месец.

“На странските туристи нема да им биде дозволено да пристигнат пред крајот на 2020 година заради недоволно подобрување на состојбата со коронавирусот, рече гувернерот на индонезискиот остров Бали.

Бали од крајот на јули ги отвори плажи, храмови и други атракции за индонезиските туристи, а локалните власти најавија дека ќе бидат подготвени повторно да примат странски туристи од септември. Сепак, планот е одложен поради зголемувањето на бројот на случаи со Ковид-19 во Индонезија.

Повеќе од шест милиони туристи го посетиле Бали во 2019 година, но посетата беше нагло запрена на почетокот на 2020 година поради пандемијата на коронавирус.

Фото: Freepik