Банкротираше францускиот произведувач на накит GL Bijoux

18

 

logo-gl

Француската компанија GL Bijoux која произведува сребрен и позлатен накит, оди под стечај поради огромниот пад на продажбата и зголемување на материјалните трошоци за работа.

Како главна причина за финансискиот колапс, компанијата во соопштение го наведе падот на продажбата во последните неколку години, кој во 2012 година достигна рекорд од 15%.

Групата GL Bijoux е основана 1917 година и вработува вкупно 1.350 работници ширум светот, од кои најмногу се на Тајланд. Во 2011 година компанијата оствари продажба во вредност од 73,9 милиони евра со лиценцирани брендови како што се Kenzo, Lacoste, Inès de la Fressange, Nina Ricci и сопствените брендови GL, Altesse…