БДП на еврозоната се намали за 0,3%, а во ЕУ за 0,1%

9

Економијата на еврозоната во првиот квартал забележа пад од 0,3%, додека во Европската унија намалувањето на економската активност е за 0,1%, во однос на претходниот квартал, покажуваат официјалните податоци.

Во споредба со првиот квартал од 2020 година, БДП на еврозоната се намали за 1,3%, а на ЕУ за 1,2%.

Ова е втор последователен квартален пад на бруто домашниот производ на еврозоната и на ЕУ. Претходно, во последното тримесечје од минатата година, економијата на земјите што користат единствена валута имаше пад од 0,6%, а кај 27-члениот блок од 0,4%, по силното закрепнување во третиот квартал од 2020 година.

Најостар пад на БДП од 1995-та година, кога почна да се води ваква евиденција, е регистриран во вториот квартал од 2020 година, во екот на пандемијата, кога еврозоната се намалила за 11,5%, а во ЕУ за 11,1%.

Фото: Freepik