БДП со пораст од 3,9% во последното тримесечје од 2015 година

18

Бруто домашниот производ (БДП) во последното тримесечје од минатата година се зголеми за 3,9%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во четвртото тримесечје од 2015, најголем пораст е забележан во секторите: Градежништво од 33,7%; Финансиски дејности и дејности на осигурување од 14,9%; Стручни, научни и технички дејности; Административни и помошни услужни дејности од 14,3%; и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 8,5%.

Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во четвртото тримесечје од 2015 година номинално расте за 3%, а нејзиното учество во структурата на бруто домашниот производ изнесува 66,5%.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 7,4%, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 12,6%.