БДП со раст од 2,6% во второто тримесечје од 2015

16

Бруто домашниот производ (БДП), во второто тримесечје од оваа година, забележа раст од 2,6%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во второто тримесечје од 2015, најголем пораст е забележан во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување од 13,8%; Стручни, научни и технички дејности; Административни и помошни услужни дејности од 12,6%; Градежништво од 6,2% и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на
моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 5,5%.

Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во второто тримесечје од 2015 година номинално расте за 2,4%, а нејзиното учество во структурата на бруто -домашниот производ изнесува 72,3%.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 8,3%, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 2,7%.