БДП во 2013 реално зголемен за 2,7%

12

Бруто домашниот производ (БДП) во 2013 година реално е зголемен за 2,7%, додека номинално порастот е 7%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

БДП во 2013 година изнесѕва 499.559.000.000 денари. Најголемо учество на додадената вредност во структурата на БДП во 2013 година имаат секторите: Трговија на големо и трговија на мало; Поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна со 18,2%.

Финалната потрошувачка во 2013 година, во однос на 2012 година, номинално расте за 3,7%, а во структурата на БДП учествува со 89,6%.

Учеството на извозот на стоки и на услуги во структурата на БДП во 2013 година изнесува 43,8%.