Бекам заработува повеќе како пензионер, потпиша договор од 45 милиони евра

46

Дејвид Бекам, легендарниот англиски фудбалер, потпиша тригодишен договор со EA Sports и ќе се појави во видео играта FIFA 21.

Бекам на својот Instagram профил откри дека е многу горд што неговиот лик е на насловната страница на видео играта.

Покрај тоа што ќе се појави на насловната страница, Бекам во следните три години ќе биде меѓу фудбалските икони во популарниот FIFA Ultimate Team, а договорот е вреден 45 милиони евра.

Последен пат поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Милан, ЛА Галакси и Пари Сен Жермен се појави на насловната страница на играта на FIFA во 1998 година.

“После 23 години… Јас сум толку горд што повторно сум на насловната страница на FIFA. Возбуден сум што ќе се вратам на теренот како икона со некои од моите стари соиграчи. Можеби моите синови сега ќе помислат дека сум кул татко“, напиша Бекам на Instagram.

Фото: Facebook