Белгија сака правно да ги заштити своите чоколадни пралини

57

neuhausБелгиските производители на чоколада сметаат дека нивните познати пралини треба да бидат подеднакво заштитени како францускиот шампањ или италијанскиот пршут. Тие сакаат терминот белгиска чоколада да стане нивно ексклузивно право, за да им стават крај на странските конкуренти кои своите производи ги рекламираат дека се “по беглиска рецептура”.

Сојузот на белгиската индустрија за чоколада ќе се состане следниот месец со претставници на регионалните влади за да одлучат како би можеле своите слатки, кои им носат четири милијарди евра годишно, да ги заштитат на ниво на Европската унија.

“Она што не растажува е тоа што копиите често не ги исполнуваат стандардите на оригиналот”, изјави Јос Линкенс, главен директор на компанијата Neuhaus.

Со производство на чоколадо во Белгија се занимаваат преку 200 компании, а во земјата постојат преку 2.000 специјализирани продавници и музеи.

Швајцарско чоколадо е веќе заштитено, па белгиските производители се убедени дека нивните пралини наскоро ќе ја добијат легалната заштита од ЕУ, како ирското виски или грчкото фета сирење.