БЕСТ и Инженерската институција потпишаа Меморандум за соработка

30

Бордот на Европски студенти на технологија (БЕСТ) Скопје и Асоцијацијата на здруженија на инженери – Инженерска институција на Македонија потпишаа Меморандум за соработка.

Голема чест претставува почетокот на една голема и значајна соработка, воедно една од најзначајните во целото постоење на БЕСТ Скопје како организација. Потпишувањето на овој меморандум ќе ги поврзе квалификуваните инженерски кадри со нивните наследници – младите студенти, идни инженери. Покрај тоа, со меморандумот се стремиме кон поголема вклученост на студентите на настани на кои ќе можат да го кажат својот став или прогресивна идеја за актуелното образование, да воспостават контакт со искусни инженери и најважно од сé, да се надградат себеси. Се надевам на успешна соработка со Инженерската Институција на Македонија и големи успеси  во иднина за двете организации“, вели Марија Хорват од БЕСТ Скопје.

И за претседателот на ИМИ, меморандумот ќе овозможи заеднички активности и простор за искажување на потребите на младите инженери – студенти.

“Меморандумот за соработка помеѓу ќе овожможи да се воспостават заеднички активности за искажување на потребите на младите инженери – студенти за градење на успешна кариера. Со оглед на големиот одлив на овие кадри, очекуваме дека ќе бидеме нивниот глас за подобрување на условите за образование и нивното понатамошно усовршување преку дијалог со релевантните институции. БЕСТ Скопје е организација во која членуваат прогресивни студенти од сите струки и дејствуваат на национално и на меѓународно ниво. Оваа соработката ќе помогне Инженерската институција на Македонија да ја етаблира организацијата на Млади инженери, нејзините цели и задачи, која што само пред една недела во Малта се стекна со рамноправно членство во Европската ферерација на млади инженери”, потврдува професор д-р Христина Спасевска, претседател на Инженерската институција на Македонија.

Меморандумот за соработка е резултат на стратешката соработка помеѓу европските организации во кои членуваат  – Европската федерација на инженерски асоцијации и Бордот на Европски Студенти по Технологија-БЕСТ.