Бетон лани прокнижи добивка од над 91 милион денари

11

beton-dg1

Друштвото за градежништво АД Бетон во консолидираниот биланс на успех за минатата година прикажа вкупна сеопфатна добивка од 91.089.000 денари.

На крајот на 2014 година, Бетон оствари добивка од 69.609.000 денари.

“Остварените вкупни приходи во 2015 година изнесуваат 3.012.172.913 денари и во споредба со остварените во 2014 година се повисоки за 9,18%. Во структурата на вкупните приходи најголемо учество од 93.32% имаат приходите од основна дејност, остварени од изградба на градежни објекти на домашен пазар“, стои во Образложението кон финансиските извештаи.

Вкупните приходи од продажба во 2015 година беа на ниво од 2.926.753.000 денари, додека една година претходно изнесуваа 2.730.503.000 денари.

Вкупните инвестиции во основни средства во 2015 година, како што стои во Образложението, изнесуваат 46.606.389 денари и опфаќаат инвестиции во градежни објекти, машини и опрема.

Во периодот од јануари до декември 2015 година, во Бетон се реализирани 90 нови вработувања.