Без месечна претплата до пролет – нова понуда на Вип

29

vip

Корисниците на Вип, кои од денеска до 31 јануари 2015 ќе склучат нов или ќе го обноват својот постпејд претплатнички договор на 24 месеци, нема да плаќаат ниту месечни претплати ниту, пак, рати за посакуваниот паметен телефон се до април 2015 година.

При тоа, корисниците ги добиваат сите предности што им ги нуди избраниот тарифен модел, а можат да одберат било која од стандардните постпејд тарифи или пак, промотивниот Vip 666 тарифен модел со кој добиваат неограничен минути и СМС пораки кон сите мрежи и 6GB интернет сообраќај.

“И овие празници, Вип им ги разубавува на своите корисници. Ние ги слушаме потребите на корисниците и им излегуваме во пресрет во текот на новогодишните празници кога трошиме повеќе. Затоа, сакаме да им понудиме посебен подарок оваа година и да ги растовариме од трошоците за мобилни услуги или за нови паметни телефони, овозможувајќи им бесплатни претплати и одложено плаќање на ратите до пролет. Се разбира на корисниците ќе им понудиме и паметни телефони за 0 денари. Кога зборуваме за бесплатно, навистина го мислиме тоа – корисниците ќе добиваат сметки од 0 денари освен ако користат роаминг, услуги со додадена вредност, паркинг или слично. Со ова, сакаме да им овозможиме на корисниците да можат да им подарат навистина убави нешта на своите најблиски. И со нашето ветување Повеќе за вас навистина докажуваме дека целосно се грижиме за нашите корисници“, изјави  Гернот Раш, главен маркетинг директор на Вип.

Корисниците кои ќе ја одберат понудата Без месечна претплата до пролет, добиваат одлична можност да го купат и телефонот што го сакаат на 24 рати преку потрошувачки кредит со 0% камата, обезбеден во соработка со NLB Тутунска банка, со одложено плаќање до 1 април 2015 година. Бизнис корисниците, со Новогодишната понуда на Вип, освен што ќе добијат бесплатни претплати до крајот на март 2015 година,  добиваат и дополнителни бизнис бенефиции.