Без работа останаа 1,2 милиони Бразилци за шест месеци

29

Во првите шест месеци од оваа година, без работа останаа 1,2 милиони Бразилци, покажуваат податоците, но отпуштањата во јуни се скоро запрени. Тоа е доказ дека најверојатно е надмината кризата што ја предизвика пандемијата од коронавирусот, јавува Ројтерс.

Официјалната стапка на невработеност во Бразил е 12,9%, што е највисоко ниво во последните две години.

Во јуни во Бразил се затворени 10.984 работни места, што е далеку помалку за еден месец од почетокот на пандемијата. Иако четири месеци по ред има пад на вработеност, агенцијата нотира дека таа бројка е далеку помала одошто во месеците претходно, кога корона кризата беснееше во земјата, а неколку стотици Бразилци останаа без работа.

“Се радуваме на подобрување на економската состојба и на пазарот на труд. Не можеме со сигурност да тврдиме дека закрепнувањето ќе биде во форма на V, но ова се јасни показатели дека започна закрепнувањето“, изјави Бруно Бјанко, министер за труд на Бразил.

Фото: Freepik