Безос донира 791 милиони долари за борба против климатските промени

55

Џеф Безос, најбогатиот човек на светот, објави на Instagram дека донирал пари на 16 организации и здруженија кои се борат против климатските промени.

Сопственикот на Аmazon дал вкупно 791 милиони долари и ова, според него, е само почеток на исполнување на ветувањето за финансирање на работата на научниците, активистите и другите групи кои се борат за зачувување на планетата Земја.

“Изминатите неколку месеци ги поминав учејќи од група неверојатно паметни луѓе кои ги посветија своите животи во борбата против климатските промени и нивните влијанија врз светот. Инспириран од нивната работа, јас сум возбуден што можам да им помогнам. Драго ми е што денес можам да ги објавам првите корисници на Фондот Безос за планетата Земја – 16 организации кои работат на иновативни и амбициозни решенија. Сите можеме да ја заштитиме планетата Земја“, соопшти Безос.

Повеќе од половина од донациите беа наменети за официјални еколошки организации, вклучувајќи го Фондот за заштита на животната средина, Советот за одбрана на природните ресурси, непрофитната организација за заштита на природата, Светскиот институт за ресурси и Светскиот фонд за диви животни.

Фото: Pixabay