Безос на првиот лет на неговата вселенска компанија на 20-ти јули

20

Џеф Безос ќе се најде на првиот патнички лет на неговата вселенска компанија Blue Origin, што е планиран за 20-ти јули, најави денеска милијардерот.

“Сакам да одам на овој лет, бидејќи тоа е нешто што сакав да го правам целиот живот“, рекол Безос.

На патувањето ќе му се приклучи и неговиот брат како и победникот на јавната лицитација за место на летот.

Лицитациите на аукцијата достигнаа 2,8 милиони долари пред Безос да потврди дека ќе има лет.

Системот на вселенското летало New Shepard, односно ракета што ја носи капсулата до работ на вселената, досега имала повеќе од 10 успешни пробни летови без патници.

Ракетата и капсулата се дизајнирани така што може да превезат шест патници на висина од над 100 километри.

Датумот (20-ти јули) се поклопува со одбележување на 52-годишнината од слетување на мисијата Apolo 11 на површина на Месечината.

Фото: Facebook