Безос продаде акции од Amazon вредни над три милијарди долари

70

Најбогатиот човек на планетата, Џеф Безос продаде акции од неговата компанија Amazon во вредност од над три милијарди долари.

Како што пренесуваат американските медиуми, продажбата била дел од однапред договорен план за тргување.

Од почетокот на година, Безос продал акции од над четири милијарди долари. Со најновата продажба, Безос досега добил нешто над седум милијарди долари. Тој и понатаму поседува над 54 милиони акции во вредност од околу 170 милијарди долари.

Amazon ги покажа тримесечните резултати коишто ги надминаа очекувањата на аналитичарите, па компанијата не само што е отпорна, туку и многу посилна откако започна пандемијата.

Фото: Freepik