Безос со скромна инвестиција во нова вила – одвои “само“ 10 милиони долари

81

Најбогатиот човек на планетата, Џеф Безос во февруари оваа година одвои 165 милиони долари за имот на Беверли Хилс. Овие денови во портфолиото на недвижнини, Безос додаде уште една вила на Беверли Хилс, но по цена неколку пати пониска – “само“ 10 милиони долари.

Последен пат оваа вила била на продажба пред две години, по цена од 5,45 милиони долари. Според податоците, се работи за вила изградена во 30-тите години на минатиот век. Од тогаш, имотот неколку пати бил целосно реновиран, а во тој процес бил вклучен и тим од дизајнери кои се грижеле за имот на познатиот пејач Џастин Бибер.

Инаку, имотот од 165 милиони долари, основачот на Amazon го купи од медиумскиот тајкун Дејвид Гефен. Станува збор за имот што бил изграден за поранешниот извршен директор на Warner Bros, Џек Варнер.

Фото: Freepik