Безос си се почести со имот од 165 милиони долари

133

Најбогатиот човек на светот, Џеф Безос одвои 165 милиони долари за имот сместен на Беверли Хилс, пренесуваат американските медиуми.

Основачот на Amazon го купил имотот од медиумскиот тајкун Дејвид Гефен. Инаку, станува збор за голем имот што бил изграден за поранешниот извршен директор на Warner Bros, Џек Варнер.

Американските медиуми претходно пренесуваа дека Безос и неговата девојка Лорен Санчез барале куќа во Лос Анџелес. Со оваа недвижнина, најбогатиот човек на светот го урна рекордот што го држеше Лачлан Мурдок за имот од 150 милиони долари.

Имотот што е меѓу најскапите во тоа подрачје е дизајниран во 30-тите години на минатиот век. Има вила што се простира на површина од 13.000 метри квадратни, две гостински куќи, тениско игралиште, базен и терен за голф.

Гефен го купи во 1990-та година за 47,5 милиони долари.

Фото: Facebook