Безос спрема 500 милиони долари бонус за работниците

32

Компанијата Amazon ќе подели стотици милиони долари бонуси за своите вработени кои ќе работат околу празниците.

Гигантот за интернет трговија во изминатиот период мораше да вработи десетина илјади нови работници, за да одговори на зголемената побарувачка, а реши и да ги награди.

Работниците во магацините со полно работно време во Велика Британија и САД ќе добијат 300 фунти и 300 долари, додека хонорарците ќе добијат 150 фунти и 150 долари. Amazon за овие бонуси ќе издвои 500 милиони долари.

Фото: Pixabay