Би купиле ли авион ако имате пет милиони евра?

55

Во Србија во последно време е многу популарно авио – такси. Според податоците на тамошниот Директорат за цивилно воздухопловство, бројот на оператори што поседуваат сертификат за воздухопловен оператор, што им овозможува да организираат превоз на патници со надоместок, а кои имаат до 10 патнички седишта, е вкупно седум. Од нив шест користат авиони, а еден е хеликоптер, пренесува Б92.

Според главниот уредник на воздухопловниот портал Tangosix, Петар Војиновиќ, српскиот пазар е премногу мал за овој вид на превоз, па поголемиот дел од летовите се однесуваат за трети пазари. Поголемиот дел од авионите се изнајмуваат во форма на лизинг, бидејќи е премногу скапо и непрактично да се користат само за сопствени потреби. Едно лице може да поседува авиони, но не е практично да го користи лично поради сите безбедносни барања што ги пропишува регулативата.

“Тоа е неверојатно добра инвестиција, ако имате пет милиони евра. Се купува авион и потоа се издава, па операторите го ставаат на пазарот и го покриваат трошоците за плати на пилотот, одржување на леталото, обука, гориво и администрација“, вели Војиновиќ.

Пандемијата од средината на март скоро и да го парализира превозот на патници во воздушниот сообраќај.

“Деловната авијација поради природата на работата (директни летови, помал број на патници, користење посебни терминали) нешто побрзо закрепнува од редовниот воздушен сообраќај“, вели Владимир Јовановиќ, извршен директор на Prince Aviation, во чија флота има четири авиони со кои лета на евро – медитеранското подрачје и кон дестинации во Русија.

Фото: Freepik