Би купиле ли чанта од 39.000 долари и тоа во форма на авион?

23

Модниот бренд Louis Vuiton го привлече вниманието на јавноста преку една необична креација на дизајнерот Вирџил Абло. Станува збор за чанта во форма на комерцијален авион по цена од “само“ 39.000 долари.

“Може да купите вистински авион за многу помалку пари“, беше еден од коментарите на Twitter, каде што беше поставена и слика од 1968 Cessna 150 со еден мотор, чија цена е 32.300 долари,

“Дали барем може да лета“, гласеше друг коментар за чантата.

“Се водам од принципот на организираност кога создавам предмети. Турист е личност која сака да научи, која сака да ја види Ајфеловата кула кога ќе го посети Париз, а таканаречениот ‘пурист’ е личност која знае сè за сè (tourist vs purist)“, објаснува дизајнерот.

Фото: Twitter