Бил Гејтс ја откри својата најголема грешка која го чинеше 400 милијарди долари

133

Една од најголемите технолошки компании, Microsoft е основана пред 45 години, а во 2020 година тие остварија приход од 143 милијарди долари.

Не е лесно да управувате со таков гигант, ниту да ги избегнувате грешките што неизбежно се случуваат во секој бизнис.

Основачот на компанијата, Бил Гејтс, на прашањето на Business Insider која е најголемата грешка што ја направи во кариерата, одговори:

“Мојата најголема грешка во Microsoft е што му дозволив на Google да развива Android. Тоа нè чинеше 400 милијарди долари“, рече Гејтс.

Фото: Freepik