Biogarmentry – “жива“ облека од алги што претвора јаглерод диоксид во кислород

65

Роја Агиги, дизајнерка со кандаско – иранско потекло, креираше “жива“ облека од алги којашто со помош на сончевата светлина, преку фотосинтеза, претвора јаглерод диоксид во кислород.

Облеката, наречена Biogarmentry, има текстура слична на лен, а е изработена од еден вид на едноклеточка зелена алга којашто се спојува со нано полимери.

Според креаторката, ова е прв жив, неткаен фотосинтетички текстил, што се активира кога е изложен на сончева светлина, пишува Dezeen.

Корисникот не мора да го пере парчето облека, доволно е само да го испрска со вода еднаш неделно.

Со способноста да го претвораат јаглерод диоксидот во кислород алиштата ја подобруваат и средината во која што се наоѓа корисникот.

Моментално текстилот има животен век од еден месец, но тој може да биде продолжен доколку корисникот прописно се грижи за облеката.

Фото: Roya Aghighi